Услови за користење на веб-страницата на ДТУ БРОВА ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје

Овие Услови за користење („Услови“) ја регулираат вашата употреба на веб-страницата на ДТУ БРОВА ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје („Компанија“, „ние“, „нас“ или „нашето“). Со пристапување и користење на услугите достапни на нашата веб-страница со домеин brova.mk која овозможува продажба, односно врши спроведување на финансиски трансакции преку својата платформа вклучително и онлајн плаќање , вие се согласувате да ги почитувате овие Услови. Доколку не се согласувате со некој дел од овие Услови, ве молиме да не ја користите нашата веб-страница или услуги.

1. Прифаќање на Условите

Со користење на веб-страницата и онлајн услугите на ДТУ БРОВА ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје, вие се согласувате да ги почитувате овие Услови, како и Политиката за приватност на компанијата.

2. Опис на Услугите

Нашата веб-страница на корисниците им нуди продажба на накит:

  • Онлајн продажба на накит
  • Достава низ Македонија
  • Плаќање при достава
  • Поддршка при нарачки
  • Избор на производи

Со користење на оваа веб страница, се согласувате со правилата и условите наведени подолу, како и со нашата Политика за приватност.

Brova е онлајн продавница за накит и сите производи, цени и информации на веб страницата може да бидат изменети или ажурирани во било кое време без претходно известување.

Сите содржини на веб страницата, вклучувајќи фотографии, текстови, дизајн и логоа, се сопственост на Brova и не смеат да бидат копирани, користени или дистрибуирани без претходна дозвола.

Корисниците можат да направат нарачка со или без корисничка сметка. Секој корисник е одговорен за безбедноста на своите податоци за најава и користењето на сопствената сметка.

Се обврзуваме да обезбедиме точни информации и безбедно користење на веб страницата, но не гарантираме непречено функционирање во секој момент.

Со користење на веб страницата, корисникот се согласува комуникацијата поврзана со нарачки, известувања и услуги да се одвива по електронски пат.

3. Корисничка сметка

Купувачите можат да направат нарачка со или без корисничка сметка. Креирањето профил овозможува полесно следење на нарачките и побрзо купување при идни нарачки.Вие сте одговорни за обезбедување на точни податоци при регистрацијата и за одржување на доверливоста на вашата корисничка сметка. Сите активности што се одвиваат под вашата сметка се ваша одговорност.

4. Онлајн Плаќање

Онлајн плаќањето на нарачките на накит се обработуваат преку нашите доверливи и безбедни платежни платформи. Со плаќање на веб-страницата, вие се согласувате да обезбедите точни информации за плаќање. Вие сте одговорни за сите обврски поврзани со плаќањето на нарачките преку веб-страницата.

5. Политика за Враќање на Средства

Доколку купувачот ја врати нарачката и побара поврат на средства, БРОВА ТРЕЈД ДООЕЛ е обврзана да го изврши повратот исклучиво преку платежните методи Visa, MasterCard и Maestro. Банката, на барање на продавачот, ќе изврши поврат на средства на сметката на корисникот на картичката.

6. Ограничување на Одговорност

ДТУ БРОВА ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје не е одговорен за било какви штети, вклучувајќи директни, индиректни, случајни, посебни или последични штети кои произлегуваат од употребата на веб-страницата или онлајн услугите. Компанијата не гарантира дека веб-страницата ќе биде без грешки или постојано достапна.

7. Колачиња (Cookies) и Технички Информации

Нашата веб-страница користи колачиња и други технологии за следење за да го подобри вашето корисничко искуство. Со користење на веб-страницата, вие се согласувате со употребата на колачиња, како што е наведено во нашата Политика за приватност.

8. Промени на Условите

ДТУ БРОВА ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје го задржува правото да ги менува овие Услови во секое време. Секои промени ќе бидат објавени на нашата веб-страница. Продолжувањето со користење на услугите по објавувањето на измените ќе се смета за ваше прифаќање на новите Услови.

9. Контакт

Доколку имате било какви прашања или коментари поврзани со овие Услови, ве молиме контактирајте не на:
Е-маил: info@brova.mk
Телефон: +389 70437153